Трамп за принцот Хари: Тој стана папучар како никој друг!
Екс-претседателот на САД – Доналд Трамп во емисијата на Пирс Морган со критики за однесувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга, актерката Меган Маркл.
„Не ја сакам Меган, не сум ја сакал досега, мислам дека го влече кутриот Хари за нос. Тој стана папучар како никој друг, вакво нешто никогаш не сум видел. Тој брак сигурно ќе заврши, и нема да заврши убаво. Само се прашувам што ќе се случи кога Хари ќе одлучи дека му е преку глава некој да му биде постојан шеф. Или, што ако таа одлучи дека ѝ се допаѓа некој друг повеќе од Хари“ – рече Трамп.
Поранешниот американски претседател реи и дека „Ужасно е што го напуштија кралското семејство, а кога бракот ќе заврши, Хари ќе моли да го примат назад. Мислам дека е голем срам за семејството. Да бев кралица Елизабета Втора, ќе ги одземев сите неговите титули. Кралицата и е лојална на нејзината земја, која е величествена, а принцот Хари покажа само непочитување кон неа“.