За последните три дена, од 22. до 24. април, од направени 3.722 тестови, регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19, а пријавени се вкупно 5 починати и 238 оздравени пациенти, информира МЗ.
Бројот на активни случаи изнесува 630, а во 8 градови во моментов нема ниту еден случај на Ковид-19.
Од 147 нови случаи, од Скопје се 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6…
Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.
Од 238 оздравени пациенти, од Скопје се 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6…
Во текот на изминатите три дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78г) и Тетово (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г).
Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на починати е 9.276.