Меѓународниот кривичен суд се приклучува на тим на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за евентуални воени злосторства во Украина.
Обвинителот Карим Кан и главните обвинители на Литванија, Полска и Украина денеска потпишаа договор за прво учество на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во истражниот тим, соопшти Евроџаст – Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичното правосудство.
Агенцијата прецизира дека заедничките напори ќе испратат „јасна порака дека ќе се вложат сите напори“ да се соберат докази и одговорните да се изведат пред суд.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) истражува и гони осомничените поединечни воени злосторници кои не се изведуваат пред националните судови.
На почетокот на март, главниот обвинител на МКС, Карим Кан соопшти дека планира да почне истрага за настаните во Украина „што е можно поскоро“, откако 39 земји повикаа да се спроведе истрага.