(Видео) Трилинг: Црната листа како „кард бланш“ за упад на политиката во судството

- Погрешно е кога ќе дојде било која нова власт да може да си постави, да може да смени судски органи. Тоа за мене е државен удар. Во модерна правна држава не може извршната власт по сопствено наоѓање да сече глави во судството. Судскиот совет е поставен за да биде брана од тоа. Е сега ако почнат да сечат глави во Судскиот совет и натаму, всушност тоа е директен атак врз Уставот на државата. Не смее извршната власт да си замислува, како мали Ѓокица, дека ќе извади меч, ќе исече некои глави, ќе стави нови глави. Најгрдото во сево ова според мене е во тоа што тргаат едни а носат свои. Ако така го градат независното судство и правната држава, фала им, заклучува проф. Гордан Калајџиев.

„Сашо Мијалков е слободен граѓанин, но приказната со Груевски не се расчити до крај. Мене никогаш не ми беше јасно како човекот што му овозможи на Груевски да добие азил, а тоа беше претседателот на Комисијата за дискриминација којашто надвор од своите овластувања си даде за право да каже дека има дискриминација врз основа на тоа дека кажа дека тој не добил фер судење. Човекот водеше правни комисии во ВМРО-ДПМНЕ, после водеше ДИК и до ден денес ништо не му фали, а луѓето дигаат галама кој го пуштил преку граница. Како тој момент на поминување на државната граница како да е одлучен. Тоа е само финалето, до таму е веќе се договорено“, изјави во „Трилинг“ универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, говорејќи за случувањата кои ја „раздрмаа“ македонската јавност како измените во Кривичниот законик, бегството на Груевски, Мијалков во Монте Карло, „црната листа“ на САД…

Фото: Трилинг / проф. Гордан Калајџиев

Околу сомнежите во релевантноста на доказите на Стејт департментот, проф. Калајџиев вели дека се додека доказите не се спротивстават во една постапка, пред независен суд, со можност да се тестираат, тие се неверодостојни.

„Црните листи“ никогаш не ми биле симпатични, ниту ми е до крај јасна нивната смисла, со оглед на тоа што на црни листи се наоѓаат луѓе коишто не прават директна штета на САД, а трпат последици да патуваат или да имаат бизниси, што за мене е чудно и е дури мешање во внатрешните работи. Замислете кога сите други држави би го правеле тоа – секој во секоја држава да се меша без реципроцитет и ефектите, иако сите од стравопочит кон САД никој не ги критикува и сите ги фалат, ефектите се исто проблематични, бидејќи овие луѓе, практично без никакви процедури, се однапред осудени. Тезата дека САД сигурно имаат добри докази е исто така непроверена. Ако они имаат добри докази, ако се толку пријателски расположени, нека им ги дадат на нашиве државни органи, а не сега ние да си ги бараме. Тоа малку и изгледа детски и неодговорно, вели проф. Калајџиев и додава дека голем дел од луѓето сметаат дека тие доказите се собрани разузнавачки и повеќе од „рекла-кажала“ муаебети.

„Неподготвени предмети нас не доведоа до меѓународни арбитражи. Им замрзнуваа имот на луѓето, постапките, истрагите траат по пет години. Милион наши адвокати, за среќа на државата немаат доволно позновање дека за замрзнување на имотот којшто е непропорционален на имотната корист за којашто има докази може да се обжали во Стразбур по член 1 на протокол 1 – право на мирно уживање на сопственоста. Навивачката атмосфера којашто се создава, а е предизвикана од самото ставање на црната листа, премиерот ја гористи како голема ПР агенда и лично е секој ден на телевизија. Затоа велам, да сум јас Груби и јас ќе избегам, затоа што Груби во овој момент во Македонија неможе да добие фер судење. Сите што малку ја познаваат практиката во Македонија ќе ви кажат дека шансите на обвинетиот да добие ослободителна пресуда, кој што по теорија би требало, ако е докажано или веројатноста дека го сторил делото, да биде над 95%. Значи со 90% докажност би требало да го ослободиме сторителот врз основа на повисокиот праг што си го поставуваме во кривичната постапка, врз основа на пресумпцијата на невиност и нашиот став на модерната цивилизација дека е подобро некој виновен да го ослободиме отколку невин да осудиме – тоа се вредности и критериуми прифатени во целата модерна цивилизација“, смета проф. Калајџиев и додава дека кај нас постои огромен притисок врз обвинителите и судиите луѓето да бидат осудени.

Фото: Трилинг / проф. Гордан Калајџиев

– Погрешно е кога ќе дојде било која нова власт да може да си постави, да може да смени судски органи. Тоа за мене е државен удар. Во модерна правна држава не може извршната власт по сопствено наоѓање да сече глави во судството. Судскиот совет е поставен за да биде брана од тоа. Е сега ако почнат да сечат глави во Судскиот совет и натаму, всушност тоа е директен атак врз Уставот на државата. Не смее извршната власт да си замислува, како мали Ѓокица, дека ќе извади меч, ќе исече некои глави, ќе стави нови глави. Најгрдото во сево ова според мене е во тоа што тргаат едни а носат свои. Ако така го градат независното судство и правната држава, фала им, заклучува проф. Гордан Калајџиев.

„Прв пат сфатив дека треба да ми се направи трансплантација на срце пред повеќе од шест години, кога почнав да се заморувам многу брзо и дојде момент кога дури и не можев од дневна да отдам то тоалет. Константно правев контроли. Едниствениот начин тука да се поправи тоа беше да се стави трокоморен пејсмејкер. Тоа пробаа да го направат венски, но не можеше да се направи бидејќи е затворен отворот помеѓу предкоморите и се одлучив тоа да се направи во Бугарија“, вели Емилија Христовска Костовска, на која во мај 2021 година и беше трансплантирано срце.

Болниците за Христовска Костовска биле секојдневие. Покрај потребата од трансплантација на срце била подложна и на други оперативни зафати, како отстранување на жолчка, јајник.

„Пред трансплантацијата на срцето, во една операција се извадија жолчката и десниот јајник, што беше додатен шок за мене. После трансплантацијата имав уште една интервенција – се извадија сите женски органи како матката и другиот јајник, бидејќи тумор маркерите почнаа да варираат. Тоа ми беше уште еден шок, но се обидов да го поминам полесно. Сепак најголемото опоравување ми беше после трансплантацијата. Ми требаше долго време да почнам да одам, бидејќи јас не одев, мускулите ми беа сосема атрофирани. Имав нешто над 40кг кога излегов од болница и ми требаше еден долг период да научам да јадам, бидејќи јас не конзумирав храна. Моментот кога застанав на нозе, сама да одам, беше после некои шест месеци. Значи првата година ми беше опоравувањето.

– После првата година почнав да одам во теретана. Тоа го направив зошто беше зима и зошто и пумпата мора д аработи, односно потребно е да се движите, а знаеме како е надвор загадено. Значи возев точак, одев на трака. Потоа, бидејќи не смеев ништо да кревам, одев на пилатес и сега можам да кажам дека функционирам со полна пареа. Вежбам зумба, хиперактивна сум, шетам, се дружам“, вели Христовска Костовска.

Фото: Трилинг / проф. д-р Сашко Јовев

Говорејќи за предизвиците, кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев за „Трилинг“ вели дека додека ја предводел Клиниката долго време размислувал да се дојде до степен сѐ да се работи.

„Да работиме се она што се работи во Западна Европа, во САД и стигнавме до тој степен. Не беше лесно. Бевме изложени на големи предизвици, на големи ризици. Имавме плус уште два големи ризика со воведување на уште две нови процедури – тоа е имплантацијата на механички срца и операцијата на лакот на аортата што на тој начин се работи во два центра во целиот регион, кај нас и во Загреб, но ова беше попосебен предизвик затоа што е на некој начин многу популарна самата операција, самото име – срцева трансплантација, нешто што го немавме правено. Моравме да собереме храброст тоа да го направиме и да бидеме свесни дека доколку утре тоа не биде добро ќе мора да се соочиме со последиците“, истакна кардиохирургот проф. др Сашко Јовев.

Јовев во разговорот за „Трилинг“ потенцираше и дека бројот на пациентите со срцева слабост е епидемија во светот.

„Не само како срцева слабост туку и со конкретна причина за срцевата слабост“.

Проф. д-р Јовев вели дека за 10-15 најмногу 20 години, повеќе од 50-60% од пациентите коишто ќе се оперираат на кардиохирургија ќе бидат пациенти со срцева слабост.

Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски погледенте го во видеото.