Папата порача: Звукот на оружјето е погласен од црковните ѕвона

Поглаварот на римокатоличката црква – папата Франциск уште еднаш повика на велигденско примирје во Украина и прекин на огнот. Порача дека звукот на оружјето е погласен од црковните ѕвона кои го најавуваат Велигден.

Папата ги повикал „агресорите да го запрат нападот за да помогнат да се стави крај на страдањата на исцрпените луѓе“.

Папата на насобраните верници на плоштадот „Свети Петар“ им порача дека поминале два месеци од почетокот на руската воена операција во Украина и посочи дека „војната се влошила, наместо да запре“.