ВМРО-ДПМНЕ: СДС јавно да се извинат, тие се соизвршители во криминалот на Артан Груби

„Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче. Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа“.

„За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа. Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија. СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада. СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал“ е партискиот став.