Волстрит џурнал: Во преговорите за прекин на огнот, Хамас се согласи да дозволи ИДФ привремено да остане во Газа

Палестинското движење Хамас се откажа од клучното барање за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и е подготвено да и дозволи на израелската армија (ИДФ) да остане во енклавата „привремено“ за време на примирјето, пишува Волстрит џурнал повикувајќи се на арапски посредници.

Палестинското движење Хамас се откажа од клучното барање за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и е подготвено да и дозволи на израелската армија (ИДФ) да остане во енклавата „привремено“ за време на примирјето, пишува Волстрит џурнал повикувајќи се на арапски посредници.

Според извори на американскиот весник, двете страни размислуваат за 60-дневен прекин на огнот во кој би биле ослободени до 30 заложници.

За возврат Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници и ќе дозволи да се достави повеќе хуманитарна помош во Газа, додаваат изворите на весникот.

Извори на весиникот соопштија дека Хамас во неделата предал список на заложници, во кој имало американски државјани, жени, постари заложници и луѓе со здравствени проблеми, а ги навел и имињата на петмина загинати заложници.

Според Волстрит џурнал, тоа е првиот список што Хамас го предаде по привремениот прекин на огнот во ноември минатата година.

Во извештајот се наведува дека заложниците ќе бидат ослободени по стапувањето во сила на договорот, а Хамас потоа ќе започне да открива каде се наоѓаат и состојбата на преостанатите заложници, пишува Тајмс оф Израел.

Се додава дека израелските преговарачи се залагаат за ослободување на уште заложници во почетната фаза од примирјето, но дека се согласиле на постепено повлекување од коридорот Филаделфија, на границата меѓу Појасот Газа и Египет.

Изворите исто така рекоа дека Израел им кажал на посредниците дека ќе прераспореди војници во делови од Појасот Газа, но го отфрлил предлогот да се ограничи нивното присуство во одредени области, вклучувајќи го и северниот дел на палестинската енклава.