Лукаревска: Во најголемиот Буџет од 6,5 милијарди нема пари за реалниот живот на граѓаните

Лукаревска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во 2022 година буџетот од 4,4 милијарди евра го оспоруваше како нереално проектиран буџетот, во време на корона вирус, буџетот во 2023 година од 5,3 милијарди евра, како инфлаторен и неразвоен, во време на енергетска криза, а за 2024 година, од 5,5 милијарди евра, година кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан.

Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ скори буџет од 6,5 милијарди евра во состојба во која ги саниравме разорувачките последици од пандемиската криза, на којашто се надоврза и економската криза, војната во Украина, енергетската неизвесност, ценовни шокови, неминовна инфлација, којашто не беше параметар само за Република Северна Македонија, туку финансиска состојба и во сите други држави, но овдека беше претставено како само ние да сме опфатени со тоа, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во своето обраќање на пленарната собраниска седница посветена на буџетот за 2025 година.

Лукаревска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во 2022 година буџетот од 4,4 милијарди евра го оспоруваше како нереално проектиран буџетот, во време на корона вирус, буџетот во 2023 година од 5,3 милијарди евра, како инфлаторен и неразвоен, во време на енергетска криза, а за 2024 година, од 5,5 милијарди евра, година кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан.

А сега во 2025, најголемиот, гломазен, 6,6 милијарди евра без било каква кризна состојба. Ако предложениот буџет од 2024 за тогашната опозиција, а сегашна власт беше мегаломански, напумпан, расипнички, тогаш со какви зборови да го опишеме овој, кој е за една милијарда поголем, рече Лукаревска, додавајќи дека низ целиот текст на буџетот провејува оптимистичка проекција, но истата доколку се оствари ќе има соодветно влошување на финансиската консолидација.

На пример раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025, во однос на планираните во 2024 е тешко да се оствари затоа што имаме отсуство на даночна реформа, која слушнавме дека ќе биде во 2026, во услови на ниска инфлација и забавен раст на платите. Покрај ова има даночни приходи, кои се проектирани да растат уште посериозно и од 19 или 20%, како што се акцизите и царинските давачки, истакна Лукаревска.

Лукаревска посочи дека кај тековните расходи најголем е растот на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, што на прв поглед изгледа дека е во ред, но треба да се праша колкав дел од тие плаќања ќе останат во македонската економија.

Вкупните расходи имаат зголемување за 37 милијарди денари, приближно 10,5 проценти. Ова значи дека очекуваме да имаме повисока инфлација, нагласи Лукаревска.

Таа истакна дека во буџетот нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, поддршката за земјоделството, преку соодветната агенцијата за финансиска помош, се намалува од 128 милиони евра на 117, а нема конкретни програми за зголемување на производството и конкурентност на земјоделците.

Се намалуваат средствата за поддршка на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18,5 милиони денари Од друга страна за поддршка на странските инвестиции се планирани 36,6 милиони евра, нагласи Лукаревска и со задоволство констатираше дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната владата, на пример коридорите Бехтел и Енка, како и изградба на гасни когенеративни централи.

Во новиот буџет има помалку пари за реалниот живот многу повеќе за реклами и пропаганда. За 30% се зголемуваат средства за комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, кој е во рамите на владата. Не знаеме зошто и по кој основ. Исто така за третина се зголемува масата на плати во СОЗР, се зголемуваат платите во министерството за европски прашања од 75,9 во 108,8 во 2025. Договорните услуги во министерството за односи меѓу заедниците се зголемуваат од 11,7 милиони денари на 27 милиони денари во 2025 година. Намалени се значајно алоцираните средства за медицинска опрема во ЈЗУ, капиталните расходи во МОН се кратат, масата на плати се зголемува кај ТИРЗ-овите, масата на плати во МП итн, нагласи Лукаревска, додавајќи дека оваа влада планира зголемување на приходи од глоби и такси од 54 милиони евра.

Предлог буџетот за 2025 година точно ја дефинира политиката која има намера да ја тера оваа влада за своја корист, минимална грижа за граѓаните, максимална за себе, а со тоа минимална реална посветеност, максимална пропаганда, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска од собраниската говорница.

Извор: Фокус