ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, стои во соопштението на ДУИ.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази почит кон одлуката на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во која го стави на црната листа Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелационен суд во Северна Македонија.

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, стои во соопштението на ДУИ.

ДУИ нагласува дека партнерството со САД останува клучно за зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.