Хрватска го суспендираше приемот на барања за азил од државјани на Сирија
Хрватското МВР објави дека повеќе нема да прифаќа барања за меѓународна заштита и азил за државјани на Сирија, објави загрепски Вечерњи лист.
Хрватското МВР објави дека повеќе нема да прифаќа барања за меѓународна заштита и азил за државјани на Сирија, објави загрепски Вечерњи лист.
Истакнувајќи дека сириските граѓани се најранливите баратели на азил, весникот наведува дека барањата на Сиријците нема да бидат прифатени додека не се постигне договор на ниво на Европската унија.
„Тоа значи дека сириските граѓани кои доаѓаат како мигранти и бараат азил повеќе нема да смеат да влезат во Хрватска“, прецизира весникот.
Додаваат дека некои земји, како Германија, Австрија и Грција, веднаш еднострано, без координација со други, го прекинале приемот и обработката на барањата за азил од Сиријците, па, велат, и Хрватска реагира и го воведува истиот принцип.