Христодулидис и Фон дер Лајен телефонски разговарале за последните случувања во Сирија
Загриженост за ситуацијата во регионот изразиле претседателот на Кипар Никос Христодулидис и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во нивниот телефонски разговор, а акцентот бил ставен на последните случувања во Сирија, како што информираше портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис.
Загриженост за ситуацијата во регионот изразиле претседателот на Кипар Никос Христодулидис и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во нивниот телефонски разговор, а акцентот бил ставен на последните случувања во Сирија, како што информираше портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Христодулидис и Фон дер Лајен разговарале и „за можните последици како во поширокиот регион на Блискиот Исток, така и во Европа, вклучително и прашањето за регионалната безбедност и миграцијата“.
Паралелно, како што посочи Летибиотис во писмената изјава, кипарскиот претседател и претседателката на ЕК се согласиле да бидат во постојан контакт и координација.