(Видео) Слаткар: Не секогаш животот ми е песна, но морам да пеам и да се смеам

-Колку не сме направиле чекор напред, иако зборевме за еволуирање, немаме направено чекор, некако се тапка во место и нормално станува она што не е нормално. За порано викавме - тоа е страшно, а сега викаме - па се снашол. И од тоа „се снашол“ овие што го заслужуваат тоа што некој друг го „снашол“, си викаат - јас не можам овде , ова е не фер. И не треба да си многу стручен за да сфатиш дека нешто не е во ред. Живееме по принципот купи саат, не е ни купи ден, продај, Визијата не ни е ни за ден“, потенцира Слаткар.

Со своите музички креации започнал од 12 години, рапува од срце, раскажува, пцуе без цензура. Гласно критикува без страв. 2024. одбележува 15 години од објавувањето на првиот албум „Слаткаристика будало“.

„Јас најавувам секаква еволуција. Јас не сум истиот човек од пред 15 години. Јас имам еволуирано целосно во артист првенствено. Артисчно сум различен. Нашата музика е таква да ти секогаш треба да го пееш тоа што го живееш, но да си искрен, да не си лажго, иако ново време дозволува да се лаже на секој чекор, но јас гледам да се држам до оние стари традиционални црнечки вредности. Кога сум почнувал, тоа било буквално од нула. Сум бил на улица, сум седел на клупи. Сега више не го правам тоа. Можеби за некого е атрактивно да го пеам она што сум го пеел пред 15 години, но сега животот ми е сосема друг, јас сум друг, самата држава ни е друга, светот е различно место, така што во главно имаме еволуирано сите“, изјави Слаткар околу прашањето – зошто револуција, сега најавува период на еволуција и чија. Негова? Музичка? Сценска или очекува општествена?

Околу песната „Океани“ која за краток период стана хит и дали е тоа песна за сите оние кои се иселиле од државата, Слаткар вели дека е за сите оние кои се иселиле и во главно патат за да се вратат, но и за сите оние кои останале, но некој близок им отишол надвор.

„Јас кога ја правев песната мислев на луѓето што се излезени надвор, ама не очекував да има толку голем импакт дома, а дома има многу поголем импакт дека сепак „Перо“ излегол, но мајка му на „Перо“ е останата дома, брат му на „Перо“ е останат овде и исто „го боли“ песната колку што го „боли“ „Перо“, вели Слаткар.

„Ние живееме во таков хаос, што ти доаѓа секој ден да си кажеш да си одам од овде. Ова не е нормално“. Не знам дали ви се случило некогаш да отвориш тајм.мк и не знаеш дали сонуваш или стварно читаш. Толку е се обратно. Еве еден најпрост пример – во најголемиот хаос низ Центар, најспората лента вози најбрзо, а најбрзата вози најспоро. И тоа баш го пиметив пред СОК Банки, пред Народна Банка, кај што движат парите. Апсурдно е ама стварно е се обратно.

-Колку не сме направиле чекор напред, иако зборевме за еволуирање, немаме направено чекор, некако се тапка во место и нормално станува она што не е нормално. За порано викавме – тоа е страшно, а сега викаме – па се снашол. И од тоа „се снашол“ овие што го заслужуваат тоа што некој друг го „снашол“, си викаат – јас не можам овде , ова е не фер. И не треба да си многу стручен за да сфатиш дека нешто не е во ред.

– Живееме по принципот купи саат, не е ни купи ден, продај, Визијата не ни е ни за ден“, потенцира Слаткар.

Фото: Трилинг / Марко Маринковиќ – Слаткар

Ако се анализираат речи сите песни на Слаткар, се доаѓа до заклучок дека зад секоја песна стои идеја, мотив, повод и причина зошто се тие напишани. На пример „Насмевка“ е песна посветена на неговото 4-годишно детенце Моша, потоа има и песна за новокомпонирани бизнисмени, „Полетај“ е песна посветена на неговата лоша финансиска состојба, но и за неговиот починат татко.

„Татко ми е домско дете што немал ништо и замисли, он излегол на 18 години, т.е пред да излезе на 18 години, на 14 години запишал медицина. Јас уште не сум слушнал некое домско дете да запише медицина. После тоа завршил медицински факултет, а бил печен да заврши во затвор. Јас секогаш сум знаел дека ако имам идоли, тогаш тој е мојот единствен идол, но токако го изгубив ми фали да му го кажам тоа. Сигурно ме гледа сега и вика – знам сине дека сум ти идол. Но токако го изгубив, го добив син ми, па не го мислев тоа и сега кога ми порасна малиот, пак ја враќам неговата приказна и во новата песна „Океани“, каде исто пејам за него, но во суштина не би пеел, ако немам за што да пеам, вели Слаткар.

За тоа колку македонската музичка естрада, култура е афирмирана надвор од границите на државата, Слаткар вели дека е проблем што не е афирмирана ни дома, а комоли надвор.

„Знаете, нашиот терен не е наш терен. Има едно копче на youtube, се вика trending и можеш да видиш кои песни се најпознати во нашата држава, кои песни се најслушани. До пред месец дена од првите десет немаше ниедна наша песна. Нашите песни се заглавени некаде таму на 20 место. Делува како ти да не живееш тука, како оваа држава да е некоја туѓа, како да нема наши луѓе што сакаат да слушаат наша музика, наш јазик. Добар дел од кривицата ја носиме и ние што не сме доволно активни. Лично јас сум активен но неможам да се тргнам од целата група. Веррувам дека тој момент се враќа прво дома. Ние треба да сме добри дома, треба да си ги земеме првите десет места, да се наши, после тоа имаш ти простор и за српски и за албански песни и за англиски, но прво треба да сме битни дома за да станеме битни било каде.

– Не можам да кривам било кој друг, само ми е криво кога гледам дека фокусот ни е на тотално погрешно место. Значи самата суштина ни бега пред очи. Ние сме фокусирани на некој детал што е тотално небитен. Јас верувам дека треба „да се маваме во гради“, но самата музика, самиот наш филм, самиот театар, опера, се што е наше треба да е дел од тие ударци во нашите гради. Не можеш тоа да го оставиш на странаи да кажеш дека тоа не е битно, кога во твојата држава не се слуша наша музика, а од друга страна да се бориме за нешто што се случувало пред 300 години. Јас мислам дека ова што се случува сега е битно, вели Слаткар.

„Мене животот ми е песни, многу песни. А дали ми е песна од типот на дали ми е лесен како песна? Некогаш да, некогаш воопшто не ми е песна, а морам да пеам и да се смеам. Така што се трудам да си го направам, да си го искомпонирам животот. Не знам дали е песна, ама секој нов ден е можност за нова песна.

Фото: Трилинг / Марко Маринковиќ – Слаткар

Говорејќи за приватниот живот, бракот со Сања и синот Моша, кој е чив идол Слаткар вели:

-Би требало јас да сум негов идол. би требало он да го открие тоа за некое време, па наредните 7 години да сум му идол, па кога ќе наполни 13-14, кога ние машките мислиме дека сме веќе мажи, верувам дека ќе имам сличен однос со него како што татко ми имал со мене. Знам дека го чекавме многу долго време, дури и некогаш ни е страв со Сања да не е многу размазен, дека многу му се тресеме од типот „падна, лелее“. Едноставно јас сум растен со помал и со постар брат. Значи јас кога ќе сум паднел, не ни знаеле дека сум паднал. Едноставно сум станувал и сумодел понатаму.

За тоа како успел да изгради успешна музичка кариера во ситуација кога на две ипол години се случува да почне да пелтечи, а тоа се појавува откако го оставиле неколку денови во болница сам, Слаткар вели дека тоа се случило 1988-89, уште во бившата држава.

„Таа држава претпоставувам сакала да прави некакви „спартански“ деца, не знам што било. Но јас отко сум излегол 1988-99 јас сум почнал многу да ддткам и веројатно, како што викаат, тој што е глув најубаво гледа, тој што е слеп слуша се. Веројатно јас не сум можел да зборам течно, но во тоа бегство сум пронашол лист и мастило и сум почнал да пишувам. Јас пишувам песни од мои шест години. Сум научил да пишувам уште пред да тргнам во школо. Ми текнува дека првата песна ми беше за мама, тато, бато. И едноставно од мал сум почнал да римувам. После извесно време јас го наоѓам тој рап, тој хип-хоп како излез од таа моја младешка, тинејџерска лудаситуација, каде што можам да најдам мир. Со тек на време дознавам дека мој проблем е губење на ритамот на говорот. Јас го наоѓам овој ритам и и всушност јас веќе неможам да се трнам од тоа, бидејќи, ако се тргнам јас веќе нема „да сум жив“, нема да суштествувам, така што јас ова не го правам да сум познат, да имам кариера, туку го правам за да земам здив.

Инаку Слаткар е магистер, треба и да докторира, но вели дека не верува дека ќе смени работно место, а целото интервју дадено за магазинот „Трилинг“, погледнете го во видеото.