Токио ќе предложи четиридневна работна недела за администрација за да поттикне наталитет

Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството.

Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството.

Премиерот Шигеру Ишиба ја нарече ниската стапка на наталитет во Јапонија „тивка вонредна состојба“ и вети разни политики како што е флексибилно работно време.

Се верува дека очекувањата вработените мајки се уште треба да ги извршуваат домашните обврски, да воспитуваат деца и да се грижат за роднините се клучен фактор за недостигот на бебиња.

За да им го олесни балансот помеѓу работата и животот на родителите, гувернерката Јурико Коике сака да им понуди на државните службеници вработени во градската управа на Токио опција да работат скратена недела почнувајќи од април.

– Заостанувањето во зајакнувањето на жените е долгогодишно прашање во Јапонија, а надминувањето на статус квото и правењето на општеството поразновидно и просперитетно е клучно за нашата светла иднина, рече таа во својот политички говор пред собранието.

– Ќе почнеме со темелна поддршка за рамнотежа помеѓу работата и животот со воведување пофлексибилен систем на работно време, како што се три неработни дена неделно, додаде таа.

Според планот, владиниот персонал, освен работниците во смени, може да земе до три дена одмор неделно, но сепак ќе треба да одработи 155 часа месечно, изјави Сачи Икегами, официјален претставник на управата на Токио задолжен за кадровски прашања.

На вработените кои имаат мали деца исто така ќе им бидат понудени пофлексибилни часови, а работните денови ќе се скратат за два часа, додаде Икегами.