Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва

Русија ќе одговори ако Јужна Кореја му испрати свое оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик - министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Русија ќе одговори ако Јужна Кореја му испрати свое оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик – министер за надворешни работи Андреј Руденко.

„Сеул мора да биде свесен дека можната употреба на јужнокорејско оружје за убивање на руски граѓани конечно ќе ги сруши односите меѓу нашите земји. Секако, ние ќе одговориме на сите начини кои ги сметаме за неопходни“, изјави Руденко за руските медиуми.

Тој истакна дека малку веројатно е дека таквиот чекор ќе ја подобри безбедноста на Јужна Кореја и го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори.

Руденко истакна дека се надева оти раководството на Јужна Кореја своите одлуки ќе ги заснова на долгорочни национални интереси, а не на, како што наведе, краткорочни опортунистички размислувања кои му се пренесуваат од надвор.