(Видео) Таравари: Оптимист сум дека постапката за уставни промени ќе почне пред Нова година
-Мислам дека премиерот е апсолутно проевропски ориентиран, само што не сака му се случи тоа што се случи во 2018 година. Он условува и со право условува, не сака да му се случи неговите министри и тој да се слика во авион и потоа да не ги започнеме преговорите со ЕУ. Тој бара некаква гаранција од Софија, Брисел или Вашингтон дека ова е последно условување.
Светот е на граница помеѓу примирје и застрашувачка војна. Поблиските и подалечните соседи на Украина како да се подготвуваат за неадејна нова ескалација и проширување на воените дејствија и надвор од сегашните боишта.
Некои складираат храна, други ги подготвуваат бункерите како заштита дури и од нуклеарни удари.
Премирот Мицковски изјави дека со внимателност се следи развојот на конфлитноста.
. Има ли Македонија план и лекарска мобилност? Дали е возможно лекарите од приватните болници да се вратат во јавното здравство?
„Геополитичките настани во регионот и во Европа, па и во светот се малку чудни, меѓутоа и непредвидливи. Среќа во сите овие настани што се случуваат во светот, па и во регионот е што ние сега веќе сме членка на НАТО. Нормално, Македонија па и сите други држави од Западниот Балкан се прилично мали држави коишто не се некои со силна војска ии пак можат да влијаат на тие геополитички настани. Да се надеваме дека не треба да размслуваме за лоши сценарија, иако како држава секогаш треба да бидеме подготвени за се, но по информациите што ги имаме не се очекуваат некои настани барем во скора иднина во регионот“, изјави за магазинот „Трилинг“, министерот за здравство, Арбен Таравари, на прашањето дали постои и мобилизирачки план, подготвеност на лекарите, амбулантите, аптеките, за евентуална ескалација на судирите со Русија.
„Како држава секако дека имаме недостаток на се, па и на медицински персонал, но не до толку за да бидеме во критична состојба и во состојба во којашто не би можеле да функционираме, така што ако ме прашувате од медицински аспект – ОК сме, иако сите системи слични на нашиот коишто се релативно сиромашни, кога доаѓаат вакви светски несигурни состојби, тоа го покажа и пандемијата со Ковид-19, се покажува дека системот не е баш функционален како што треба, но тоа ни беше добар настан за да видиме каде се нашите слаби точки и каде треба да се корегираме.
– Мислам дека од тогаш па до сега се обидуваа сите министри барем малку да го мотивираат медицинскиот кадар“, вели Таравари.
Во однос на кадровскиот колапс во македонското здравство и како да се задржат и придобијат оние што се тука или да се вратат во јавното здравство, Таравари вели дека владата уште на првите седници донела некои одлуки.
„Јас кажав дека, за да биде се перфектно, ни недостасуваат околу 1.000 доктори. Ние на Влада донесовме одлука да се вработат 600 доктори, што никогаш до сега не се случило. Значи од 1.000, 600 да се вработат е релативно добра бројка.
– Од друга страна, овие доктори коишто се на приватна специјализација, повеќето од нив се потенцијални кандидати за да одат од државата, значи тие не се во редовен работен однос, немаат обврска према никого, завршуваат специјализација и прво место што ќе го најдат со добра плата, веднаш е потенцијален кандидат за да оди. Затоа сега и ги вработуваме и тоа мора да се признае дека е многу добра бројка. Отворивме и уште еден нов вентил – донесовме одлука на Влада по која со одлука на влада од 2022 година приватните доктори неможеа да се вработат или трансформираат во државното здравство. Тоа го надминавме, сега сите заинтересирани доктори кои работат во приватно здравство, акоишто сметаат и гледаат некаква перспектива во јавното здравство, полека почнуваат да покажуваат интерес и имаат отворени врати.
– До сега, само кај мене, се пријавени десетина доктори коишто сакаат од различни приватни клиники да се вратат во јавното здравство, бидејќи гледаат некаква надеж и се надевам дека до крајот на годината повторно да направиме уште едно нешто, коешто е многу важно за мене како министер, а тоа е да направиме можност за сите доктори кои работат надвор од државата, ако се заинтересирани да се вратат, да можат веднаш да се вработат. Не да дојдат да бараат работа, да бидат принудени да отвораат приватни клиники или ординации, туку државата да им дава можност, ако се заинтересирани веднаш ви наоѓаме државна работа било каде да изберете.
За тоа дека за неполн месец имаше три смртни случаи и како министер чувствува одговорност, Таравари со одговор дека да имало докторска грешка, треба да се чувствува морална одговорност.
– Најмногу во болница починуваат луѓето, ретко во домовите. А кога ги гледам статистиките, на пример на Детска клиника, 2024 година има 35 смртни случаеви. Ви зборам за статистика до крајот на месец Октомври. 2014 година биле 105 деца, минатата година биле 28, пред таа година 53, значи секоја година од 2014 имало дупло или 30 до 40% повеќе починати пациенти, на Детската клиника, за жал.
– Пропуст во лекувањето на пациентите во ниеден од случаите не може да се каже дека навистина докторите направиле пропуст, освен во еден случај, каде што се работи за 14 месечно бебе, коешто не било примено, но докторот го прегледал и им кажал на родителите дека утре треба да се пријават повторно на преглед. Родителите не се пријавиле и отишле во друга болница, но повторно сметам дека овде има лекарски превид и затоа се преземени одредени дисциплински мерки од клиниките врз докторите коишто го направиле овој превид, вели Таравари.
Околу уставните измени и изјавата дека до крајот на годината ќе се донесат Уставните амандмани и дали е тоа лична проценка или суптилен притисок врз премиерот Мицкоски да го забрза процесот на внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, Таравари вели:
„Оригинално реков дека јас сум оптимист и тоа огромен оптимист дека ќе започнат уставните промени пред Нова година. Значи и ако беа започнати пред месец ипол до Нова година, не може да бидат завршени, технички, временски, бидејќи условите се такви и такви се законските регулативи дека е невозможно да се заврши за еден месец. Јас повторно велам дека сум оптимист, знаејќи ги сите околности и имајќи лични информации од повеќе извори, како и гледајќи го премиерот дека е навистина оптимист и дека навистина сака Македонија што поскоро да ги започне преговорите.
-Мислам дека премиерот е апсолутно проевропски ориентиран, само што не сака му се случи тоа што се случи во 2018 година. Он условува и со право условува, не сака да му се случи неговите министри и тој да се слика во авион и потоа да не ги започнеме преговорите со ЕУ. Тој бара некаква гаранција од Софија, Брисел или Вашингтон дека ова е последно условување.
– Уште шест недели има до Нова година. Јас продолжувам да бидам голем оптимист, вели Таравари.
Во однос на неговата изјава дадена во октомври 2022 година каде Таравари вели дека ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав (се мисли на минатиот), мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници, бидејќи полека народот се иселува, министерот со став дека за жал добро ќе беше Македонија да ги започнеше преговорите одамна, бидејќи стабилизација и асоцијација со ЕУ ние потпишавме на 9.04.2001 година. Пред Хрватска и пред многу други држави.
„Потоа ни се случи Букурешт 2008 година, Албанија и Хрватска станаа дел од НАТО, ние задоцнивме, ни требаа уште десет години. Ова е мислам моментот Македонија да ги продолжи преговорите заедно со Албанија и да се вклучи во тој пакет.
– Започнувањето со преговорите е надеж за луѓето, надеж дека веќе полека го започнуваме крајниот пат до дестинацијата која ја посакуваме сите и која ја посакуваат сите наши граѓани, оти сите луѓе коишто си одат од Македонија, не одат никаде на друго место освен во Германија, Швајцарија, Скандинавија, Италија САД. И стојам на тоа што го имам кажано, дека ако тапкаме во место и не ги започнеме преговорите јас сум скептик и мислам дека ќе ни се испразни тотално државата, ќе останеме само како старечки дом.
Говорејќи за евентуалните измени во Уставот, каде што формулацијата повеќе од 20% би се избришала и наместо неа би се додал албанскиот јазик како втор службен, Таравари вели дека сите треба да инсистираме тие 20%, барем според демографијата овие 30 години, за една стабилност треба да има многу добра кохезија меѓу двата народи коишто се околу 90% во државата.
Целото интервју со министерот за здравство и еден од лидерите на „ВРЕДИ“, Арбен Таравари погледнете го во видеото: