Славески свика вонредна седница на Советот на Град Скопје поради кризата со јавниот превоз

За денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз, која кулминира откако автобусите на ЈСП од вчера попладне сообраќаат со драстично намален број поради недостиг на гориво.

Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.

„Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на Град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на Град Скопје на 21 ноември ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот во рамките на своите надлежности е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите итно да го нормализираат јавниот превоз во Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, сподели  Славески преку социјалните мрежи.

Поради кризата со јавните услуги со кои се соочува главниот град, лидерот на  опозицијата, Венко Филипче, вчера попладне објави дека од советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје побарал да иницираат итна седница. На седницата на Советот, како што посочи, советничката група на СДСМ ќе предложи конкретни мерки, за кои рече дека очекува да ги поддржат сите советници за да им се излезе во пресрет на граѓаните.