Спектакуларен концерт на „Меморија“

Има посебна убавина да се биде во преполна сала на концерт на македонска група. Група која 40 години пее со срце за Македонија.

Има посебна убавина да се биде во преполна сала на концерт на македонска група. Група која 40 години пее со срце за Македонија.

„Меморија’’ и нивните гости синоќа одржаа концерт кој не смееше да се пропушти – пееја во еден глас со публиката до после полноќ.

Емоции, позитивна енергија, насмеани лица и на сцената и во публиката.

memorija-napravi-spektakularen-koncert-vo-skopje-i-pokazha-zoshto-trae-celi-40-godini-06.jpg

Беше навистина убаво да се види како публика од сите генерации, буквално од 7 до 77, од срце ги пее сите најголеми евергрин хитови: „Оган под ѕвездите“, „Дирлада“, „Нена“, „Македонија“, но и преработките на стари македонски песни – „Заветна“, „Едно име имаме“…
Среќните лица во публиката беа вистински доказ дека хитовите на „Меморија“ се евергрин, па заслужено ги вратија момците на бис.
Поце ја остави душата на сцената, пееше и звучеше исто како пред години.

Ништо помалку спектакуларн не беше ни Ристо Самарџиев, кој со својот специфичен глас ја разнежи публиката.

memorija-napravi-spektakularen-koncert-vo-skopje-i-pokazha-zoshto-trae-celi-40-godini-13.jpg

А таму, илјадници луѓе како еден пееја песни и од почетоците на постоењето на бендот, но и најновите песни што ги промовираа изминатата година.

Позитивната енергија што зрачеше од сцената лесно се пренесе и низ салата, па публиката не го криеше воодушевувањето што се таму, во арената „Борис Трајковски“ и што делат парче музичка историја со „Меморија“.

memorija-napravi-spektakularen-koncert-vo-skopje-i-pokazha-zoshto-trae-celi-40-godini-05.jpg

Треба да сме горди што имаме ваква група која опстојува и пее со срце за нашата публика.

Одличниот избор на гости – Андријана Јаневска, Ареа, Дани, Сара Мејс само ја одржаа атмосферата на ниво.

memorija-napravi-spektakularen-koncert-vo-skopje-i-pokazha-zoshto-trae-celi-40-godini-09.jpg

Рокенролот е жив” ќе каже Перо Камиказа – и навистина, ова се докажа со публика од цела Македонија.

Вчеравечер, на концертот во Скопје, „Меморија“ покажа зошто е бенд кој трае цели 40 години, а нивната музика ќе продолжат да ја слушаат уште многу генерации…

Извор: Црнобело