(Видео) Трилинг најава: Кредити, задолжувања, буџетски дефицит – Влегуваме ли во должничко ропство?!

Криминалот и корупцијата ја преокупираат јавноста. Во изминатава деценија се создаде амбиент со непишано правило ако крадеш тоа да биде за многу пари, со нив потоа можете да подмитувате, корумпирате, да ви застаруваат кривичните постапки, да се етаблирате во општеството без морални вредности.

Унгарски чардаш со кредитот од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Македонските банки подигаат свои каматни бариери во распределбата на парите од Будимпешта. Тие бараат плус 3% за камати и трошоци при сервисирањето на кредитната линија од Унгарија.

Криминалот и корупцијата ја преокупираат јавноста. Во изминатава деценија се создаде амбиент со непишано правило ако крадеш тоа да биде за многу пари, со нив потоа можете да подмитувате, корумпирате, да ви застаруваат кривичните постапки, да се етаблирате во општеството без морални вредности. Во вулгаризацијата на казнената политика стана правило – во затвор за десет ќебапи, за 10 милиони евра ќе се спогодите со обвинителството.

„Мислам дека сме сведоци на еден невиден политички притисок врз банките во Македонија, да го прилагодат нивното работење и нивното пазарно работење по барање на политиката, на владата. Имам впечаток дека владата во целина не е доволно упатена што прави Мицкоски. Македонската перспектива кон ЕУ е уништена и не постои“, вели за „Трилинг“ поранешниот министер за финансии Никола Поповски.

„Мене ми е само нејасно зошто во Судскиот Совет да не може и адвокатите да учествуваат при изборот на судии, да го дадат својот глас, бидејќи ние навистина сме сериозен фактор“, вели адвокатот Петро Јанура.

Во новото издание на „Трилинг“ гостуваат поранешниот министер за финансии Никола Поповски, водечкиот оперски драмски сопран Весна Гиновска Илкова и адвокатот Петро Јанура.

Ова е само дел од најавата на магазинот „Трилинг“ што ќе може да го гледате вечерва во 20:45.