Барудани: КФОР останува на мостот во Косовска Митровица, одлуката мора да се донесе со дијалог
„Историјата секогаш покажува дека дијалогот е клучот за решавање на повеќето проблеми. Конфликтите се јавуваат таму каде што отсуствува дијалогот, а тоа важи и за Косово“, изјави Бардуани за РТК.
Командантот на КФОР Енрико Бардуани рече дека мисијата продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што нагласи, е рамка за решавање на нерешените прашања.
„Историјата секогаш покажува дека дијалогот е клучот за решавање на повеќето проблеми. Конфликтите се јавуваат таму каде што отсуствува дијалогот, а тоа важи и за Косово“, изјави Бардуани за РТК.
Тој додаде дека решението за безбедносните предизвици не е воено, туку политичко, бидејќи дијалогот е клучот за решавање на повеќето прашања.
Бардуани изјави дека ситуацијата на Косово е мирна, но сепак кревка и дека многу еднострани потези преземени од, како што рече, одредени страни не помагаат во стабилизацијата.
„Затоа внимателно го следиме секој релевантен безбедносен развој“, истакна командантот на КФОР.
Кога станува збор за мостот на Ибар во Косовска Митровица, чие отворање го најави Приштина, Бардуани изјави дека ставот на КФОР е јасен и дека секоја одлука во врска со мостот мора да се донесе преку дијалог и во координација со меѓународната заедница.
КФОР ќе има постојано присуство на мостот и ќе продолжи со редовни патроли во околните области. Тој додаде дека негов приоритет е да обезбеди КФОР да остане добро позициониран со цел да продолжи да придонесува за безбедноста и стабилноста на сите заедници на Косово.
Покрај оперативната подготвеност, важна е силната соработка и редовна комуникација со нашите локални, регионални и меѓународни партнери, бидејќи тие се клучни за стабилноста во регионот, додаде Бардуани.