Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот

Веќе беа направени два неуспешни обиди за избор на претседател на Народното собрание - на отворањето на новиот парламент на 11 ноември и еден ден подоцна. На 13 ноември пратениците повторно не успеаја да се договорат кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат, јави БТА.

Бугарските пратеници претпладнево ќе одржат нова седница – трет обид да изберат претседател на 51. Народно собрание.

Веќе беа направени два неуспешни обиди за избор на претседател на Народното собрание – на отворањето на новиот парламент на 11 ноември и еден ден подоцна. На 13 ноември пратениците повторно не успеаја да се договорат кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат, јави БТА.

За функцијата беа предложени пет кандидати – Андреј Цеков од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Петар Петров од „Преродба“, Наталија Киселова од „БСП – Обединета левица“, Николета Кузманова од „Има таков народ“ и Раја Назаријан од ГЕРБ-СДС.

Раја Назарјан и Андреј Цеков излегоа на втор круг во двете постапки за избор на претседател, но ниту еден од нив не го доби потребниот број гласови.