Индија воведе построги мерки против загадувањето
Индиската влада воведе нови построги мерки поради големото загадување на воздухот во Њу Делхи, кој според проценките на швајцарската организација „IQAir“ е најзагаден град во светот, со индекс на загаденост од 424.

Тие мерки вклучуваат забрана за основните градежни работи и апел до граѓаните да избегнуваат палење јаглен за греење.
Новите мерки, кои стапуваат на сила од утре, опфаќаат прскање вода со средства за спречување прашина на патиштата, како и механичко чистење на улиците за да се намали количината на прашина.
Исто така, сите основни училишта во главниот град ќе преминат на онлајн настава.
Министерот за образование на Њу Делхи, Атиши, нареди затворање на училиштата, додека владата апелираше до граѓаните повеќе да го користат јавниот превоз и да избегнуваат користење јаглен и дрва за греење. Надлежните не прецизираа до кога ќе важат овие мерки.