Учениците ќе продолжат да учат странски јазици од ТВ – учебниците ќе се обезбедат во септември 2025
Учебници учениците нема да добијат ниту во второто полугодие, бидејќи, како што вели министерката за образование и наука Весна Јаневска, тендерот за набавка ќе се реализира во јануари 2025 а учебниците ќе стигнат во септември.
Уште месец и пол до крајот на првото полугодие, а учебниците за странски јазици не се обезбедени.
Овие учебници учениците нема да ги добијат ниту во второто полугодие, бидејќи, како што вели министерката за образование и наука Весна Јаневска, тендерот за набавка ќе се реализира во јануари 2025 а учебниците ќе стигнат во септември.
Инаку поради немањето учебници, родителите мораат да им ги фотокопираат книгите на децата, нешто што чини околу 400 денари, а друга алтернативна метода е онлајн учење.