Песков не ја исклучи можноста Путин да разговара со Трамп пред неговата инаугурација

Претходно денеска Песков ги демантираше медиумските информации дека рускиот претседател неформално, „преку познаници“ му ја честитал победата на Трамп.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска не ја исклучи можноста рускиот претседател Владимир Путин да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пред неговата инаугурација во јануари.

-Тоа не е исклучено, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Претходно денеска Песков ги демантираше медиумските информации дека рускиот претседател неформално, „преку познаници“ му ја честитал победата на Трамп.

-Тоа се неверодостојни информации, рече тој.

Инаугурацијата на американскиот претседател ќе се одржи на 20 јануари следната година.