Адеми: Да се почитуваат акредитациите за медиумите и препораките за снимање и фотографирање во судница
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми ја истакнува потребата од доследно почитување и применување на акредитациите за медиумите одобрени од страна на претседателот на Врховниот суд, како и на препораките за снимање и фотографирање во судница усвоени и објавени од Врховниот суд на Република Северна Македонија и Судско-медиумскиот совет.

-Во согласност со позитивните прописи, заложбите за отворено судство и начелата на транспарентност и отчетност, клучната цел на акредитациите и препораките, е да се заштити јавниот интерес, континуирано да се зајакнува угледот на судството и воедно да се истакне демократската улога на медиумите во општеството, се наведува во соопштението од Врховниот суд.
Работата на судовите и медиумите, како и работата на судиите и новинарите имаат заеднички именител, а тоа е вршење на професијата во интерес на граѓаните. Оттука, секое отстапување од овие вредности, не е во насока на заштита на заложбите за јакнење на јавната доверба и заштита на јавниот интерес во името на граѓаните.
-Воедно, во врска со вчерашниот случај во Основниот суд Битола за кој беше информирана јавноста од страна на медиумите, известуваме дека до Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесена е претставка по која се постапува во согласност со законските надлежности, велат од Врховниот суд.