Фуентес да Андалузија, село во Шпанија го промени своето име во Украина, во знак на солидарност со народот на оваа европска земја, која води војна со Русија.
Некои од улиците во мирното населено место, источно од Севиља, со над 7.000 жители, се преименувани во „Киев“, „Одеса“ и „Мариупол“. На влезот од селото има табла со боите на украинското знаме.
„Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина, но и за земјите кои се во војна во моментов“ – рече градоначалникот Франциско Мартинез кој додаде дека неговите сонародници собрале 3.500 евра за изградба на центар за бегалци.
Селото сака да прими до 25 бегалци или семејства.