Илијана Јотова – потпретседателката на Бугарија денеска од Битола порача дека С. Македонија треба час поскоро да биде дел од Европската Унија, но тоа ќе се случи само ако се решат правата на Бугарите во земјава.
„За Македонија да биде членка на ЕУ тоа се правата на Бугарите во Македонија. Права кои треба да се исполнат, за С. Македонија да биде дел од ЕУ. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан“ – рече Јотова.
Истиот став го има и шефицата на дипломатија – Теодора Генчовска.
„Како што беше кажано од премиерот и вицепремиерот, сите цели треба да бидат насочени кон правата на Бугарите на Македонија. Тоа ќе биде нашата основна цел и се надевам со помошта на Собранието да бидат овозможени“ – рече Генчовска.