Во кинески Шангај денеска нов рекорден број на симптоматски случаи на коронавирусот, откако земјата воведе нови рестриктивни мерки за борба против заразата.
Шангај денеска пријави рекордни 3.590 симптоматски случаи на коронавирус и 19.923 асимптоматски случаи
Економската зона на аеродромот Џенгџу, индустриска зона во централната провинција Хенан, каде што се наоѓаат производствените капацитети на компаниите, вчера објави 14-дневно затворање „за да се прилагоди на епидемијата на коронавирусот“.
Новите рестриктивни мерки ќе влијаат на големи нарушувања во синџирот на снабдување, за кои се смета дека најверојатно ќе доведат до доцнење на испораката на компаниите.
Кина вчера пријави 24.791 нови случаи на коронавирусот, од кои 3.896 се симптоматски, а 20.895 асимптоматски.