Во полициска станица на Граничната полиција при Регионален центар Запад во Охрид вчера попладнето е обиен магацин и извршена е кражба на околу 50 разни бомби и опрема.
Наводно, првичните изјави се дека никој ниту видел, ниту слушнал нешто сомнително, иако било непосредно до полициската станица.
Утрово се врши увид и ќе се утврдува што точно е изнесено од полицискиот магацин.