Радев ги спори изборните резултати во Бугарија

Објавувањето на официјалните резултати од изборите, наместо да донесе уверување во општеството, предизвикува тензии и поставува прашања за правичноста на гласањето, порача денес бугарскиот претседател Румен Радев во својот став по повод предвремените парламентарни избори.

„Како е можно повеќекратните сигнали и примери на купени и изманипулирани гласови да ги видат сите, а да останат надвор од вниманието на одговорните институции? Дали владините тела се користат од градоначалниците и бизнисите за да гласаат грашаните по нарачка? Дали криминалниот контингент беше впрегнат за да се добијат гласови? Која е политичката сила и кој е политичкиот лидер што користи вакви грди практики“, прашува Радев.

„Очекувам убедливи одговори од преодната влада и поконкретно од МВР како и од безбедносните служби. Бугарските граѓани имаат целосно право да знаат во чиј интерес работат нивните институции и дали некој се инфилтрира во Народното собрание преку купување гласови, закани и рекетирање“, нагласи Радев.

„Не може да има ниту купена ниту присилна демократија. Ако го прифатиме ова како нормално, тоа значи дека сме се откажале од самата идеја за демократија“, изјави претседателот.