Штајнакер: Засега нема излез од кризата меѓу Бугарија и Северна Македонија
Штајнакер вели дека ВМРО-ДПМНЕ „води политика свртена кон минатото и претендира на сериозни делови од бугарската историја. Се разбира, секогаш може да се расправа што е бугарска, а што македонска историја, но сепак оваа крајно националистичка партија, која исто така беше многу корумпирана и криминална (а сега треба да докаже дека повеќе не е) денес се враќа на власт“.
Гудрун Штајнакер, која беше германска амбасадорка во Скопје и заменик-амбасадорка во Софија, нема илузии дека Македонија и Бугарија би нашле решение за кризата во меѓусебните односи и дека резултатите од бугарските избори во Бугарија можат да помогнат за излез од оваа криза.
„Поверојатно не. Се разбира, никогаш не треба да кажеме никогаш. Но, во Скопје партијата која ги доведе односите со Бугарија во ваква криза повторно е на власт“, вели Штајнакер во интервју за бугарската редакција на Дојче веле. Така беше и со Грција, но засега таа криза изгледа делумно надмината.
Штајнакер вели дека ВМРО-ДПМНЕ „води политика свртена кон минатото и претендира на сериозни делови од бугарската историја. Се разбира, секогаш може да се расправа што е бугарска, а што македонска историја, но сепак оваа крајно националистичка партија, која исто така беше многу корумпирана и криминална (а сега треба да докаже дека повеќе не е) денес се враќа на власт“.
Поранешната германска амбасадорка уште додава:
„Не гледам никаква промена во нејзиниот национализам, така што ќе биде многу тешко да се излезе од овој ќор-сокак до кој со заеднички напори дојдоа двете земји. Бугарија со своето вето, кое според мене не беше оправдано, особено што во тој момент на власт во Скопје беше партија подготвена за компромис. Тој момент беше пропуштен, сега националистите се вратија на власт во Скопје и прашање е дали тие ќе бидат подготвени во името на гласачите, да постигнат компромис со Бугарија. Во овој поглед, ЕУ има многу важна улога“.
Зборувајќи за сегашната ситуација во Бугарија Штајнакер вели дека правдата во Бугарија беше заробена и сè уште е делумно заробена, „таа е заложник на оние сили кои владеат со Бугарија од зад сцената. Тоа се олигарси, тајкуни кои во транзициските години акумулираа многу пари и соодветно на тоа моќ. Често тие се надоврзуваат на нивните акумулации од времето на комунистичките тајни служби, на нивните врски со Русија, на нивните подоцнежни врски со руските олигарси. Значи дефинитивно можеме да зборуваме за ‘длабоката држава’. Колку што се сеќавам, во април Кирил Петков во интервју го кажа токму тоа: дека владата всушност не ја држи власта“.