Ракометарите на Алкалоид без поголеми проблеми со две сигурни победи го елиминираа тимот на Клаипеда и така го продолжија настапот во Европскиот ЕХФ Куп.
Следниот противник Алкалоид ќе добие на утрешната ждрепка од 11:00 часот во Виена на која ќе биде сместен во вториот шешир.
Првите натпревари ќе се играат на 23/24 ноември, додека реваншите се закажани за 30 ноември/1 декември.