Земјава протерува уште 6 дипломати од руската амбасада во Македонија, кои се прогласени како персона нон грата.
Оваа информација Министерството за надворешни работи ја сподели откако денеска бил повикан рускиот амбасадор во земјава – Сергеј Баздникин и му врачиле дипломатска нота со која дипломатите се посочени како непожелни во државата.
„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“ – велат од МНР.
Ова е второ протерување руски дипломати за помалку од еден месец. Кон крајот на март беа протерани петмина.
Причините кои и тогаш ги соопштија надлежните беа дека тие излегле надвор од нивните дипломатски активности.