„Русија би можела да употреби нуклеарно оружје“
Вилијам Барнс – директорот на ЦИА вели дека Русија би можела да користи тактичко или нуклеарно оружје со ниски перформанси во Украина и дека таквата закана не смее да се игнорира.
„Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот Путин и руското раководство, со оглед на ќор-сокакот со кој се соочуваа досега на воен план, никој од нас не може лесно да ја земе заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко или нуклеарно оружје со ниски перформанси“, рече Барнс.
Тој истакна дека „претседателот Џо Бајден е длабоко загрижен за избувнувањето на Третата светска војна, за избегнувањето да дојде до прагот каде нуклеарниот конфликт станува возможен“.