„Путин е шокиран. Не очекуваше вакви реакции. Се разбира, во моментов е нервозен и бесен на целиот свет. Очекуваше Западот да го прифати тоа што се случи како негово ново, последно лошо однесување, кое јас би го дефинирал како криминална активност, бидејќи се работи токму за криминална активност. Но, реакцијата беше сосема поинаква, сосема неочекувана на ова ниво“.
Ова е ставот на поранешниот руски премиер – Михаил Касјанов, кој на оваа функција беше од 2000 до 2004 година.
Касјанов беше и министер за финансии во времето на претседателот Борис Елцин. Според него, во следните месеци ќе има драматично осиромашување на луѓето во Русија.
„Луѓето кои живеат во градовите, средната класа, ќе бидат погодени, ќе ги почувствуваат санкциите многу повеќе. Ќе бидат отсечени од многу секојдневни работи“ – изјави Касјанов.
За потезите на актуелниот руски претседател, Касјанов со став:
„Прво за самиот Путин, дали е луд. Не можеме да го докажеме тоа медицински. Јас не сум доктор и не сум околу него. Од медицинска гледна точка, не можам да кажам ништо, но можам да зборувам за политички менталитет, за политичка одговорност Да, тој се однесува како целосно политички лудак бидејќи беше сосема неочекувано. Тоа противречи на 21. век. Сака да не врати во 19. век и да ги врати сферите на влијание. Ова е многу лоша работа. Тоа е во целосна спротивност со сиот здрав разум и нормалните луѓе од 21. век. Затоа велам дека Путин е политички луда личност“ – рече Касјанов.