Шилегов: СДСМ е заробена партија
СДСМ е заробена партија уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси. Ова утрово на својот фејксбук профил го објави Петре Шилегов
СДСМ е заробена партија уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси. Ова утрово на својот фејксбук профил го објави Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите.
„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Уште од 2019 година. Со двајца октроирани „лидери“ од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни,“ напиша Шилегов.