Светската здравствена организација излезе со информација дека вкупниот број на потврдени коронавирус инфекции на светско ниво достигна над 500 милиони.
Како последица на вирусот, животот го загубија 6.2 милиони луѓе, се наведува во соопштението на СЗО.
Од појавата на заразата, кон крајот на 2019 година, најмногу инфекции се евидентирани во Европа (209.5 милиони) и во САД (151.7 милиони).
Африка сочинува само околу 2% од глобалниот број случаи.
Сепак, СЗО се сомнева за поголем број нерегистрирани случаи на овој континент.