Зеленски: Го одбранивме најголемиот дел од нашата земја – 50 дена отпор!

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски синоќа во видеообраќање им се заблагодари на Украинците за 50-дневниот отпор по руската инвазија.

„Благодарение на Бога, на вооружените сили на Украина и на нашиот народ го одбранивме најголемиот дел од нашата земја. Педесет дена од нашата одбрана е достигнување. Достигнување на милиони Украинци“ рече Зеленски.

Тој додаде дека на почетокот на инвазијата „никој не веруваше дека ќе преживееме“.

Зеленски им се заблагодари и на сите поддржувачи на Украина.