Радев: Бугарија очекува С. Македонија да ги почитува правата на своите граѓани

Претседателот на Бугарија, Румен Радев имал телефонски разговор со неговиот германски колега – Франк-Валтер Штајнмајер. Во разговорот Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од С. Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата.

Радeв ја потврдил и поддршката на Бугарија за почеток на преговарачкиот процес за членство на Албанија во ЕУ, по, како што нагласил, сериозните реформи на земјата во судството, економијата и заштитата на националните малцинства.

Во врска со војната во Украина, бугарскиот претседател дал висока оценка за дипломатските активности што ги преземаат Германија и претседателот Штајнмајер, насочени кон деескалација на конфликтот и прекин на воените дејствија.