Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени за 40 проценти за пет години

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Според неа, ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута.

-Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се  стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти“, посочила гувернерката во интервјуто за Гласот на Америка.

Зборувајќи за инфлацијата, Ангеловска-Бежоска истакнала дека во светски рамки и кај нас, сведочиме за постабилни инфлациски движења, односно стабилизирање на инфлацијата.

-За ова има две причини ‒ првата е значителното стабилизирање на цените на примарните производи, особено на енергентите и на храната на светските берзи, а вториот фактор е справувањето на централните банки со овие инфлациски движења. Така, како резултат на овие фактори, најновите податоци кај нас упатуваат на значително намалување на инфлациските притисоци. Според податокот за просечната инфлација од почетокот на годината заклучно со септември, таа изнесува 3,3% и во основа е во согласност со очекувањата на Народната банка за просечната годишна стапка за 2024 година од 3,5%, а и во согласност со најновите очекувања на ММФ за просечна инфлација од 3,3%. Меѓутоа, сепак би истакнала дека ризиците постојат и потребно е внимателно водење на политиките во натамошниот период“, истакнала гувернерката.

Како што информираат од Народната банка, осврнувајќи се на состојбите во банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска посочила дека и покрај шоковите во изминатиот период, стабилноста на банкарскиот систем беше задржана дури и зголемена отпорноста, што може да се види преку повеќе показатели. Според неа, адекватноста на капиталот, како показател за солвентноста на банкарскиот систем, достигнал 19 отсто, што е највисока стапка во изминатите две децении, додека квалитетот на банкарските инструменти е значително зголемен.