Струмица излегува од ЗЕЛС, а тоа ќе го направи и Карпош

„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е“, напиша на социјалните мрежи Костадинов.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов најави дека денеска ќе испрати допис до Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) дека Општина Струмица излегува од ЗЕЛС.

„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е“, напиша на социјалните мрежи Костадинов.

На оваа одлука претходеше објава во која струмичкиот градоначалник остро ја осуди одлуката на надлежните инстотуции да биде продолжена забраната за користење на водата за пиење во општината.

„Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки“, посочи Костадинов и додава дека „некој скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани“.


Тој исто така најави дека „наскоро ќе се дознае вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски“.

„Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа“, пишува во објавата на градоначалникот на Струмица Костади Костадинов во која најавува дека општината ја напушта ЗЕЛС.

„Причини за напуштање на ЗЕЛС има многу. ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа влада. Не сум прв пат градоначалник. Но, ова е невидено што го прават министрите од владата на Мицкоски. Не знам дали е по негова директива, или не е, но гледате што прават со градоначалникот на Струмица.

Градоначалникот да имал чиста вода за пиење.

Министерот си ја решил ситуацијата во земјоделието, па се фатил со детено „водата, па водата“.

Наместо да му помогне како министер, видете тој што прави. Што прават со мене тука? Министерот за транспорт вика јас не потпишувам планови додека сум министер и уште се фали дека со новиот закон му се зголемиле ингеренциите. Сега јавно да го прашам. Вие одите кон Брисел или одите кон Москва?

Ако одите кон Брисел вие треба да ги намалувате дискреционите права, а не да ги зголемувате.

Ако одите кон Москва, тогаш ќе функционирате со декрет. Министерот за внатрешни, гледате ни пушта кривични, на апсолутно чист предмет, а од друга страна гледате дека се пуштаат бандити од затвор. Од друга страна, прв пат во 47 години се случи да не се гласаат програми, да не се гласа Буџет и тоа од оваа партија на власт.

Кое племе е ова? Од каде дојдоа? Да не се гласаат програми за работа. Ај што не ги гласаат, туку кога ќе ги изгласаме, ги обжалуваат во инспекторат и вршат притисок да донесат одлука каква што тие сакаат. И мислат дека ние сето тоа треба да го трпиме.

Министерот за локална самоуправа го гледа сето тоа и си ќути. ЗЕЛС ова го гледа како не се гласаат програми на колеги кои не се од негова партија. И ние треба да останеме во таа институција и да функционираме. Затоа претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата партија за да ги штити интересите на локалната самоуправа. Ова е многу сериозна работа. Со ова треба да бидат запознати сите амбасади како функционира оваа власт буквално разулавена. Но јас сум сепак, за да седнеме и да разговараме. Мене ме побара колегата Орце Георгиевски. И побара да се сретнеме. Да сакам да се сретнеме и треба да се сретнеме, затоа што вака не можеме да функционираме“, изјави Јакимовски.

Перински: Ваквото однесување ја нарушува позицијата на ЗЕЛС

Како министер за локална самоуправа, принципиелно, не сакам да навлегувам во внатрешните односи во ЗЕЛС и во нивното работење. ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така, изјави за Курир министерот за локална самоуправа Перински по најавите на Општина Карпош и Струмица за излегувањето од ЗЕЛС.

Перински за КУРИР посочува дека секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини.

-Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, додава министерот.

ЗЕЛС не е информиран: Ѓорѓиевски го повикува Костадинов да не носи одлука на штета на општините и граѓаните

Во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) засега нема пристигнат официјален допис од Општина Струмица дека сака да ја напушти организацијата и го повикувам колегата Костадин Костадинов добро да размисли пред да донесе таква одлука која е на штета на опптината и на граѓаните, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за Плусинфо.

Освен Струмица, најави за напуштање на ЗЕЛС пристигнаа и од Опптика Карпош.

– Одлуката за напуштање на ЗЕЛС може да ја донесе Советот на општината, а не градоначалникот. До Управниот одбор на ЗЕЛС досега не е пристигнато барање или одлука за напуштање. Мене ми е многу жал што општините кои сакаат да го напуштат, ако имале проблем, не се обратиле до ЗЕЛС за да дискутираме и да бараме решенија – вели Ѓорѓиевски.

Одлуката за излез само ќе им донесе штета на општините и на граѓаните, додава тој, затоа што ЗЕЛС е неполитичко тело чија цел е да ги решава нивните проблеми.