Калајџиев: Комисијата за помилување дава само мислење, претседателката може да го промени
Членот на Комисијата за помилување, професорот Гордан Калајџиев, потврдува дека за лицата доставени од Министерството за правда, за кои требало да се одлучи да им се намали затворската казна, било разгледувано само стореното дело.

Калајџиев во изјава за „24Инфо“ вели дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу 30-тина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна.
Сепак, Калајџиев вели дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење.
Изјавата на Калајџиев следува откако денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека при потпишувањето на помилувањата не сакала директно да се меша во работата на Комисијата, за која рече дека е составена од експерти кои се врвни во нивната област.