Про-европската претседателка на Молдавија, Маја Санду го поздрави исходот на референдумот оценувајќи дека нејзината опција „победила праведно во неправедна битка“, нагласувајќи го руското мешање како клучен фактор за тесниот исход.
Молдавија, која географски се наоѓа меѓу Украина и Романија, е земја-кандидат за членство во ЕУ, но традиционално е растргната меѓу Истокот и Западот.
Откако беа пребројани сите гласачки ливчиња, изборната комисија соопшти дека 50.39% од гласачите гласале во прилог на промена на Уставот и внесување на ЕУ како стратешка цел. Околу 49.61% биле против, што ја покажува и силата на про-руската опција.