Украина стравува од трговијата со деца

Министерството за надворешни работи на Украина изрази загриженост дека децата однесени во Русија, вклучително и оние кои останале без родители за време на војната, би можеле да бидат дадени на посвојување од руски семејства, без да се почитуваат сите потребни процедури утврдени со законодавството на Украина.

„Во овој контекст, информациите за намерата на Министерството за образование на Руската Федерација да потпише ‘договори’ со руските окупациски администрации во регионите Доњецк и Луганск кои ќе овозможат трансфер на деца без родители илегално депортирани од територијата на Украина во руски семејства предизвикува посебната загриженост во овој контекст“ – се вели во соопштението на украинското МНР.

Според Конвенцијата на ОН за правата на детето, државите кои се страни на овој меѓународен договор, вклучувајќи ги Русија и Украина се обврзани да преземат мерки за борба против нелегалното движење и невраќањето на децата од странство, нагласува украинското МНР.

„Обидите на Кремљ да обезбеди „легитимна“ основа за своите криминални дејствија на територијата на Украина се цинично непочитување на основните закони и обичаи на војување и универзално признатите човекови права“ – стои во соопштението.