Путин: Банките од непријателските држави го одолговлекуваат плаќањето
Претседателот на Русија – Владимир Путин денеска ги обвини западните банки дека не извршиле плаќања за рускиот гас, само две недели откако побараа таквите плаќања да се вршат во рубљи.
„Постојат неисполнети обврски при извозните испораки на руските енергетски ресурси. Банките од овие крајно непријателски држави го одолговлекуваат трансферот на плаќањата“ – рече Путин.
На крајот на март, Путин побара земјите од ЕУ за испорака на руски гас во иднина да плаќаат во рубљи, потег што го презеде Москва заради ублажување на ефектите од западните санкции врз нејзината економија.
Западните влади воведоа строги санкции за Русија, откако таа земја изврши инвазија на Украина на 24. февруари.
Додека западните лидери бараат дополнителни начини за запирање на руското бомбардирање на Украина, Путин предупреди да не се воведува какво било ембарго на рускиот гас и нафта, чекор на кој инсистира Киев.
„Последиците од таквиот чекор можат да бидат многу болни – особено за иницијаторите на таквата политика“ – рече Путин.