(Видео) Минчев: Заканите за безбедноста и тензии во државата се со работен наслов „ДУИ против ДУИ“
„Ние мора да создаваме долгорочна, квалитетна јавна администрација. Тоа значи дека јавната администрација и вработувањата, огласите, мора да бидат врз база на стручност, знаење, квалитет, резултат и само така и на тој начинние можеме да створиме добра јавна администрација“, смета Минчев.
Дали македонскиот пат кон Европската унија ќе остане зацементиран се додека не се издејствува или не се реализира промената на Уставот и внесувањето на Бугарите во преамбулата. Дали има потреба од испраќање на писмо до бриселските партнери, по пораките на германската министерка за надворешни работи?
„Нема сила којашто може да го натера македонскиот народ да каже дека постои од 1945 година. Нема сила којашто може да го натера македонскиот народ дека неговата историја е од бугарско минато или дека имаме заедничка историја со бугарите. Нема Македонец којшто може да прифати дека Гоце Делчев е Бугарин. Овој став којшто е креиран во Владата и којшто апсолутно го поддржувам, всушност е еден вид гаранција за евентуалните уставни амандмани во нашиот пат кон ЕУ.
– Да потенцирам, ние немаме друга алтернатива освен ЕУ, но таму сакаме да влеземе како и сите други – со дигната глава, според Копенгхашките критериуми, базирани на европските начела за рамноправност, бидејќи досега Македонија во рамки на 30 години постоење, направи доволен број на жртви. Сменивме име, сменивме знаме, сменивме Устав, изјави министерот за јавна администрација Горан минчев, во врска со тоа како ги доживува пораките од Берлин по ставот на германската министерка за надоврешни работи, дека прво се потребни уставни промени, па потоа деблокада на македонскиот пат кон ЕУ, всушност значи дека ставот на Мицкоски , а ни на ЗНАМ за уставни измени со одложено дејство е всушност невозможна мисија.
На прашањето дали има потреба да пишуваме писмо до ЕУ, кога нашите европски партнери ни порачуваат прво уставни промени, па потоа брза интеграција, Минчев вели дека нема да прифаќаме уцени од било кој наш сосед по секоја цена.
„Немам ништо против внесување на бугарскиот народ во Уставот, но бараме одреден вид на гаранција, тоа да биде последното барање. Јас мислам дека имаме можност и тоа го истакнуваме на сите средби коишто ги имаме со амбасадорите, дипломатските претставништва во државата, исто така и на меѓународните средби. Значи бараме гаранции од ЕУ, вели Минчев и додава дека клучното прашање е зошто на Република Бугарија, толку и смета ваква одложена примена на евентуална уставна измена.
„Дали е тоа нашиот сосед којшто навистина ни сака добро и ова ќе биде мотив плус за Бугарија да го турка процесот како наш сосед за влез во еу на Република Македонија или пак позадината е нешто друго, но тоа ќе оставиме граѓаните да го проценат“, потенцира Минчев.
По воениот конфликт и уставните амандмани етничките права на Албанците добија приоритет при составувањето на секоја Влада во овие две децении, во која најчесто партиципираше ДУИ. Во меѓувреме за вработување по етнички клуч се користеше т.н „Балансер“ што Уставниот суд го укина. Се најавува нов закон за правична застапеност.
На прашањето кои се новите законски решенија околу законот за правична застапеност и вработување по етнички клуч, министерот за јавна администраија, Горан Минчев, вели дека министерството не е во подготовка на нов закон.
„Најавените закони од страна на нашите коалициони партнери не би ги коментирал, затоа што не можам да коментирам нешто за кое ја немам прочитано содржината. Уставна категорија е правичната застапеност на етничките заедници. Во владината коалиција, има капацитет да се отвори политички дијалог, за којшто мора да се најде соодветно решение. Но мојот став и ставот на нашите коалициони партнери, коишто доаѓаат од ВРЕДИ, е со овој закон да не се брза. Ако до сега забележавте ние имаме идентичен став во врска со содржината на овие закони, а тоа е да се отвори широка јавна дебата, да се вклучат експертите, да се вклучат надлежните коишто можат да ги креираат овие закони, да се заврши тој процес во Венецијанската комисија, но крајната цел е да имаме долгорочни, содржајни, стабилни закони коишто повторно нема да бидат предмет на евентуални укинувања на одредби од евентуалните нови закони, смета Минчев.
„Не се укинати правата на етничките заедници и без овие одредби да конкурираат на евентуално новите јавни огласи, коишто би биле во идниот период. Тоа ќе го аргументирам на следниот начин. „Балансерот“ е производ, или пак дигитална алатка која што е во примена од 2015 година. Од 2001 година, каде што правичната застапеност е дел од Охридскиот рамковен договор и е уставна категорија до 2015, имало етнички вработувања. Прашање е кога имало во поголем процент етнички вработувања, дали во периодот од 2001 до 2015 година или од 2015 до 2024 година? Но на крајот тоа не е битно. Ние збориме за реформа во јавната администрација, за правење на систем којшто ќе функционира, ќе пружи услуга на граѓаните, квалитетна, таква каква што заслужуваат“, истакна Минчев околу прашањето дали со укинувањето на стекнатото право на државно работно место по буџетска плата да бидат примени етнички Албанци, но и други заедници, со укинување на „Балансерот“ може да се создадат нови недоразбирања на етничка линија.
„Ако тргнеме по тоа начело и почитување на Мерит системот, ние мора да создаваме долгорочна, квалитетна јавна администрација. Тоа значи дека јавната администрација и вработувањата, огласите, мора да бидат врз база на стручност, знаење, квалитет, резултат и само така и на тој начин ние можеме да створиме добра јавна администрација“, додава Минчев.
„Балансерот беше предмет на злоуотреба. Имавме случаи каде Македонци се пишуваа Албанци, Албанци како Македонци, или пак пипадници на другите етнички заедници како Македонци и Албанци. Ние како министерство, од самиот почеток укажувавме на таа злоупотреба и заеднчки став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, укинат. Тоа го направи Уставниот суд. гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниеден орган. Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секој, не само за етничката заедница, туку за било кој вработен во јавната администрација, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Тука не треба да има никакви ограничувања. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право“, смета Минчев.
Околу најавите за можна дестабилизација, граѓански немири по решението за „Балансерот“ и дали постојат реални опасности од можни тензии, Минчев смета дека тоа е еден политички популизам од страна на опозициската партија ДУИ. и повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „Балансер“? Не.
„Ова што го прави ДУИ јас го велам, или пак една драматична прес-конференција, која што постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“.
Целото интервју со министерот за јавна администрација, Горан Минчев, погледнете го во видеото.