Според Светска банка, Македонија годинава со најнизок БДП во регионот
Очекувањата на Светска банка се дека Македонија годинава по остварениот раст на БДП ќе биде на самото дно во однос на земјите од опкружувањето. Македонската економија е единствена која ќе има раст под два отсто. Нешто подобри од нас се Босна и Херцеговина, со раст од 2,8,% а останатите држави се со зголемен Бруто домашен производ од над три отсто.
Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата.
Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст.
Очекувањата на Светска банка се дека Македонија годинава по остварениот раст на БДП ќе биде на самото дно во однос на земјите од опкружувањето. Македонската економија е единствена која ќе има раст под два отсто. Нешто подобри од нас се Босна и Херцеговина, со раст од 2,8,% а останатите држави се со зголемен Бруто домашен производ од над три отсто.
Светска банка
- Раст на БДП 2024
- Северна Македонија 1,8%
- Босна и Херцеговина 2,8%
- Албанија 3,3%
- Црна Гора 3,4%
- Косово 3,8%
- Србија 3,8%
Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДП-то, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори.
Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ.
Извор: 24 Вести