По хаосот во и пред парламентот, хаос и пред градското собрание на Тирана
По хаосот внатре и надвор од салата на Парламентот на Албанија, опозицијата го започна следниот протест пред градското собрание на општина Тирана, каде запалија гуми.
По хаосот внатре и надвор од салата на Парламентот на Албанија, опозицијата го започна следниот протест пред градското собрание на општина Тирана, каде запалија гуми.
И тука не изостана судир со полицијата при обид опозицијата да го пробие полицискиот кордон, имаше неколку обраќања а насобраната толпа извикуваше „Велиај оди си“.
Нејзиниот протест е последователен на кој се бара оставка од градоначалникот Ерион Велиај, поради „злоупотребата на средства на граѓаните од страна на директорите на Општината преку компанија „5Д констракшн“, преку тендери.
Опозицијата го обвинува Велиај дека е „главен крадец на групата криминални структури кои дејствуваат во општина Тирана“, а кој според неа „организирал и режирал кражба на стотици милиони евра со измислените инценератори во главниот град“.
– Време за акција на соочување заб за заб, бидејќи за жал сите патишта се исцрпени во оваа нарковлада. Нека знае Ерион Велиај дека огнот ќе стигне и до неговата канцеларија, ќе си оди дома заедно со диктаторот-премиер, но нема да го пуштиме да си оди од Албанија. На овој крадец местото му е во затвор, рече меѓу другото во обраќањето Теди Блуши, генерален секретар на Партијата на слободата на Илир Мета и член на Советот на Општина Тирана.
Од пред општината протестантите заминаа пред парламентот, каде веднаш беше зголемено присуството на полициските службеници.
Пред објектот со бензин беше полеан транспарент на кој пишува „Рама мафија“ а пратеникот Сула си го запали сопственото сако. И пред општината и пред парламентот имаше судир со полицијата, при што опозицијата обвини дека еден од полицајците се обидел да посегне по оружјето што го носел, кон двајца пратеници.
Од полицијата соопштија дека полицајците кои биле задолжени за безбедноста, како и гардистите не биле вооружени.
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието