Јовица Страшевски е новиот адвокат кој ќе го брани Палевски – Палчо за за убиствата на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Јовица Страшевски е новиот адвокат кој ќе го брани Љупчо Палевски-Палчо за убиството на Вања и Панче. Страшевски беше еден од адвокатите кои првично ги бараше Палевски да го бранат во текот на судскиот процес.

На минатото рочиште сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче