Херцог со порака до заменик шефот на Хезболах: Претпоставувам дека ќе дојде и неговиот ден

Израелскиот претседател Исак Херцог во врска со изјавата на заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем дека милитантната група усвоила „нова борбена стратегија“ за да му нанесе болка на Израел, дури и кога земјата повикува на прекин на огнот, изјави дека Касем не е во право и дека ќе дојде и „неговиот ден“.

Израелскиот претседател Исак Херцог во врска со изјавата на заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем дека милитантната група усвоила „нова борбена стратегија“ за да му нанесе болка на Израел, дури и кога земјата повикува на прекин на огнот, изјави дека Касем не е во право и дека ќе дојде и „неговиот ден“.

„Го слушав говорот на Наим Касем – тој греши исто како и неговите претходници и оние пред нив. Не само што греши – претпоставувам дека ќе му дојде денот. Тој греши само во непочитувањето на државата Израел и нејзините граѓани. Тој се обидува да ги натера луѓето да заборават на горчливата вистина дека тој и неговите пријатели донесоа катастрофа во Либан“, рече Херцог, кој ја обиколи Хаифа и ги посети хоспитализираните војници повредени во напад со беспилотно летало на Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“.

Заменик-лидерот на либанската милитантна група денеска изјави дека Хезболах, доколку Израел не ја прекине својата агресија, ќе започне напади низ Израел како одговор на израелските напади во Либан, нагласувајќи дека целта на групата е да ги ослободи териториите окупирани од Израел и да ги поддржи палестинските движења кои се борат против војската на Израел во Појасот Газа.

„Ние ја докажавме нашата способност да ги нападнеме Тел Авив и Хаифа и ако непријателот не запре, радиусот на уништување на нашите напади ќе се прошири, принудувајќи не стотици илјади, туку повеќе од два милиона жители да се кријат во засолништата“, рече Касем.

Тој додаде дека Хезболах усвоил нова борбена стратегија за, како што наведе, Израел „да ги почувствува страдањата“.

Касем во телевизиско обраќање рече дека Израел сака „да ја прошири својата окупација и дека Палестина не е доволна за Израел“.