(ВИДЕО) Четворица повредени во сообраќајка кај мостот „Гоце Делчев“ – еден од автомобилите се превртел и запалил

Од МВР информираат дека четворицата повредени се пренесени на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, но засега не е позната сериозноста на нивните повреди

Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев на патот кон Т.Ц. Мавровка го отежнува вечерва сообраќајот во овој дел од Скопје, пренесе тв Телма.

МВР потврди дека во сообраќајката учествувале две возила, од кое едното се превртело и се запалило.

– На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со улицата ` Лазар Личеновски` во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ` шкода` со скопски регистарски таблички и патничко возило ` бмв` со скопски регистарски таблички. Возилото `шкода` се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента – информираат од МВР.

На терен се полициски и амбулантни возила.

(Видео / Фото: Телма)